Американец ни (с)крои ново знаме!?

Комбинациjа на сегашното сонце на македонското знаме со двоглав орел, предлага извесен Конер Андерсон, Американец кој во изминатитиве две години престојувал во Теарце.

Градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, на својотФејсбук профил објави дека денеска имал проштална средба со Андерсон, којспоред градоначалникот, две години бил ангажиран на конкретни проекти во Општината.

„На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.

Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.

Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.

Останувана јавноста да оцени.Општина Теарце“ пишува градоначалнкот Исени на фејсбук.