Американецот што играше мајтап со знамето ,,замина во илегала”

Американецот Конер Андерсон, кој е дел од мисијата на Мировен корпус (Peace Corps) под притисок на јавноста го изгаснал својот фејсбук профил откако вчера градоначалникот на Теарце објави фотографии на кои се гледа неговиот предлог за знаме на кое е измешано државното знаме со двоглав орел.

Предходно Американецот објави дека тој преку дизајнот на знамето прикажал како ја доживеал средината во која што работел за време на неговиот престој во Македонија.

Тој во објавата вели дека дизајнот на знамето е негов личен став а не на Мировниот корпус.

Според законот за знамето не е дозволена интервенција во дизајнот на државниот симбол.

Американец ни (с)крои ново знаме!?

SHARE