Американски град избра коза за градоначалник

Тригодишната коза по име Линколн е избрана за градоначалник на градот Фер Хевен, во американската сојузна држава Вермонт.

Козата победи на специјалните избори, победувајќи го кучето по име Сами со само три гласови: 13 до 10 и за време на едногодишниот мандат ќе се појавува на јавни настапи, пишува USA Today.

Фер Хавен нема градоначалник , туку управник на градот.

Првобитната идеја на необичниот избор била за прибирање финансиски средства за обновување на школското игралиште, но подоцна тоа се претвори во мала граѓанска манифестација, вели управникот Џо Гинтер.

Фер Хавен,  се наоѓа по државната граница со Њујорк и има околу 2.500 жители.

SHARE