Американски анкетари за дуелот Сиљановска – Димитров во И. Е. 1 (ФОТО)

Една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп објави анкета, најголема позната досега со скоро 6.000 испитаници, за парламентарните избори во Македонија.

Анкетата е правена во текот на јуни, минатиот месец, и тоа одделно за секоја изборна единица што ја прави најпрецизна од сите анкети кои дисега се објавени во Македонија.

Според изворните резултати од анкетата што ја пренесува вечер.мк во 5 од 6-те изборни единици ВМРО ДПМНЕ води и би оствариле убедливи победи пред коалицијата СДСМ-Беса.

Крајниот резултат би бил најмалку 8 пратеници или повеќе предност за ВМРО ДПМНЕ и можност Мицкоски да одбира дали ќе прави власт во коалиција со Алијансата на Села или ДУИ на Али Ахмети.

Според анкетата во според многумина најтешката битка за гласови во изборната единица 1 професорката Гордана Силјановска Давкова како носител на ВМРО-ДПМНЕ води со 4 проценти (32:28) предност пред носителот на СДСМ Никола Димитров.

Според анкетата ДУИ би освоиле 6 %, Алијанса и Алтернатива 4 % а Димитар Апасиев лидер на Левица 2 проценти од гласовите.

28 % од граѓаните не се изјасниле за кого ќе гласаат.

Анкетата на една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.

Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.

Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.

Следува анкетата за изборна единица 2.

Која е агенцијата која работи со американскиот претседател Трамп а го истражува македонското јавно мислење.

Агенцијата која работи за Трамп најави победа на ВМРО-ДПМНЕ во 5 од 6 изборни единици

SHARE