Американски рокер во САД продава српска ракија со име Yebiga

Љубителите на добра ракија од сега ќе можат да уживаат во српскиот продукт, кој беше брендиран од страна на лидерот на  американски рок состав„ Фејт но мор“, Били Гулд.

Били Гулд, кој е и басист во групата , без никаков посебен повод и без ни една капка српска крв почна да прави една добра ракија шливовица шти ја  нарече Yebiga. На етикетата е слика на извесна баба Љубица, која починала на возраст од 102 години, пренесува српскиот портал, „Еспресо“.

Били Гулд, кој наводно билг голем љубител на Србија, ја извезува ракијата во САСД под брендот Yebiga.

Тој склучил договор со една српска дистилерија за производство на српска ракија според американските стандарди.

Купувачи на ракијата се продавници за органска, односно природна храна.

SHARE