Ајде да ги именуваме нештата со вистинското име: Аплицирање за 14.500 денари државни пари а на вработени во време на корона и нивно ставање „в џеб“ е – кражба на пари од буџетот.

Неисплаќање на плати или делумно исплаќање на плати е двојна кражба – овој пат од џебот на вработените на кои им се вршел мобинг да молчат за да не го изгубат и тоа какво-такво работно место или да останат без работа.

По скандалозните податоци што ги објави УЈП, дека над 700 „газди“ воопшто не ги исплатиле личните доходи, а околу 4.000 испалтиле само делумни плати, се поставува прашањето дали Јавното обвинителство ќе реагира „по допрен“ гласи и ќе отвори сериозен предмет за „кражбата“ на над 13 милиони буџетски средства.

Нема појасен и покредибилен „допрен глас“ од оној кој доаѓа од директорката на УЈП, Сања Лукаревска, затоа ОЈО не треба да има дилеми иако шефицата Управата за приходи, барем во првиот настап, реагира доста благо апелирајќи до несовесните газди да ги подмират обврските кон своите вработрени и срамежливо најавува присилна наплата и глоби.

Би рекле дека „првата жена на Даночно“ требаше во старт да најави дека овој пат отстапки нема да има и дека санкции ќе има за секој оној кој свесно и наменски зел макар и еден денар од државата со намера да направи профит. Во време на корона.

За очекување е дека ќе има обиди масовното книговодствено манипулирање со државните пари на штета на работниците заради гол профит, ќе  се квалификува како „девијација на која во иднина ќе треба да ѝ се застане на патот“) а соправувањето со тоа да се прикаже како невозможна мисија со која треба да се справат институциите.

Тоа би било (неочекувано) но и најлоша разврска која само ќе им даде “ветер во едрата“ на сегашните и идни изигрувачи на законите.

Напротив. Ако се послужиме со терминот кој годиниве беше и премногу (зло)употребуван, овде се работи за класично „злосторничко здружение“ кое свесно доведе на питачки стап десеетици илјади луѓе и семејства, паралелно со организирана кражба на милиони од државната каса.

Никој не вели дека имало „план и договор“ како да се “измајмунисаат” државните мерки и да се претворат во гол профит, но симптоматично е како на толкав број работодавачи истовремено им дошла истата идеја: Да аплицираат за плати со намера да не ги исплатат.

Не држи вода ни обидот да се релативизира – во смисол дека приватните работодавачи беа ставени во позиција да го сносат најтешкиотр товар на кризата преку намален обем на работа во услови на корона, а со обврски кон вработениоте кои едноставно не смееја да работат – во услови кога јавната админстрација не изгуби ни денар, а камо ли да учествува во заедничко „подметнување рамо“ во услови на тешка економска криза.

Тоа е и најголемиот кикс на актуелната власт која одново се покажа благонадежна кон секторот кој не создава приход, но е сигурен електорат, но тоа не го оправдува срамното ставање в џеб на по 100 или 250 евра по вработен од таму некои „газди“.

Р. Е.

SHARE