Анализа на проф. Силјановска за Преспанскиот договор (1)

Професорката по уставно право Гордана Силјановска во темелна студија го анализира Преспанскиот договор.

Студијата ја објавуваме во повеќе продолженија поради обемноста и длабочината на подготвениот материјал со цел подобро објаснување пред јавноста на содржината на договорот кој в недела е предмет на гласање на референдумот.

Пишува Проф. Др. Гордана Силјановска Давкова

ЗА „ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“ И ПОШИРОКО
ДОЛГО ИМЕ, ПРОШИРЕН ПРЕДМЕТ, АСИМЕТРИЈА

Официјалниот назив на Преспанскиот договор е „КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА
РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ, ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817(1993) И
845(1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН, ЗА ПРЕСТАНОК НА
ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 ГОД. И ЗА
ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ“.

Во називот на „Конечниот договор отсуствува вистинскиот предмет на грчко –
македонскиот спор, односно „ИМЕТО“, разликите не се опишани, туку само е
нотирана разлика за името. Имено, Резолуцијата на Советот за безбедност 817(1993),
откако констатира дека: апликантот ги исполнува критериумите за членство во
Обединетите нации, содржани во член 4 од Повелбата“,нотира РАЗЛИКА во врска со
името на државата , што треба да биде решена, во интерес на зачувувањето на мирни
добрососедски односи во регионот.

Заради тоа, во став (2) му препорачува на Генералното Собрание државата да биде примена во членство, но за сите цели во рамките на ОН да и се обраќаат како на „бивша Југословенска Република Македонија,додека, „на брз начин не се реши разликата“!!! Од аспект на меѓународното право, „разликата за името“, е билатерален спор, со практични последици врз трети држави,во рамките на мултилатералниот форум ОН и други меѓународни организации.

Надвор од нив, со оглед на билатералниот карактер на спорот, третите држави се правно
слободни да ја признаваат државата под уставното име. 1 Значи, во самиот наслов на
договорот препознаваме амбиција за проширување на предметот на преговарање и
усогласување. Што стана со ставот на медијаторот Нимиц, изразен во одговорот на
Greek Press од 1995:„Името на оваа држава е фактички избрано од самата држава. Но,
како и да е, тие се оние кои го избираат сопственото име. Грција не може да им го
избере името. Грција може да каже дека е против името избрано ид другата страна. ..
Дури ни ОН не се тие што одбираат имиња…. Во овој случај, тие не го избраа името на
државата, туку рекоа дека привремено ќе и се обраќаат со “бивша Југословенска
Република Македонија“.Како што веќе реков, тие можат да ни се обраќаат нам како
на„Бивша Британска колонија Северна Америка. Тоа не е нашето име,како што она
ПЈРМ не е име на оваа држава“.

На оваа линија е и ставот: “Името на една држава е име кое извира и го создава
народот кој ја создал и живее во таа држава. Државата која ја создал македонскиот
народ е Република Македонија. Никогаш македонскиот народ не може да ја нарекува
својата држава поинаку од Република Македонија . Тој никогаш не може да се согласи
со промената на нешто што го носи со векови, а неговата држава го носи повеќе од
педесет години, што не е случај со грчката северна провинција“.

И Стево Црвенковски, кој во својство на министер за надворешни работи ја потпиша
Привремената спогодба, на прашањето на новинарката Слободанка Јовановска : „Има
ли логика сега да правиме компромис околу уставното име“, за „Дневник“ одговори:
„Немало логика ни досега, и никогаш не сум чул дека некој има таква намера!

Фрчковски, вака гледаше на можното решение: …”Ако е двојна формула, ние не
мораме да го менуваме името, го добиваме на меѓународен план, само во однос на
Грција го договараме. Тое е излез, без двојна формула нема излез.

ЗБОГУМ НА IUS COGENS, ЗБОГУМ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Договорот излегува од рамката на Резолуцијата 845(1993)која што, по повикувањето на
Резолуцијата 817(1993) ги охрабрува Грција и бившата република Македонија на
соработка со ко-претседавачите на Надзорниот комитет на Меѓународната
конференција за поранешна Југославија, со цел да дојдат до брзо решавање на
разликата за името. Имено, Финалнот договор е „договор за решавање на „разликите“,
а разликата и преговорите за името, се трансформирале во „разлики и преговори за
историјата, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, културата и образованието,
политичкиот и административниот систем, УСТАВОТ, слободите и правата на човекот
и граѓанинот.

Тој ОКТРОИРА уставни измени, односно промена на уставното име “Република
Македонија “(неспоменато) и конституционализација на новото име и придавките
изведени од него и го пропишува начинот, времето и надзорот над имплементацијата
на сите решенија во правниот и политичкиот систем на „Втората страна“, од Првата,
односно од Хеленската република, што претставува директно грчко мешање во
внатрешните работи на Република Македонија како суверена држава, формирана врз
основа на правото на самоопределувањена македонскиот народ во 1944 година, на
АСНОМ. Во оваа смисла, првиот македонски претседател Киро Глигоров, во говорот
во Францускиот институт за меѓународни односи на тема”Македонија и Нова Европа“ ,
кон крајот на октомври 1993, ке потенцира дека”правото на народот на свое име е
природно и неотуѓиво“.

Интересно, но иако насловот на Договорот нотира престанок на важноста на
Привремената спогодба од 1995, во ниту еден член не е спомената пресудата на
Меѓународниот суд на правдата од Хаг во 2011 година за прекршување на член 11 од
страна на Република Грција со блокирањето на добивањето покана за членство на
„Бившата југословенска Република Македонија“ во НАТО, на самитот во Букурешт од
2008 година.

„Преспанскиот договор“ не води сметка за членот 1 од Привремената
спогодба(1995),во која, Првата страна ја признава Втората страна како независна и
суверена држава, како и членот 3 со кој “секоја страна се обврзува да ги почитува
суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата
страна . Заради тоа, таа е спротивна на начелото на “еднаквост на сите членки ( Член
2(1) на Повелбата и го дерогира правниот субјективитет на Република Македонија.
Исто така, се крши принципот на правна еднаквост на државите (видете GA Res.2625
(XXV) од 24 окт. 1970) и принципот на недискриминација во претставувањето и
членството (UN Doc.A/CONF.67/16 ( 14 март, 1975).

Да потсетам: Членот 53 на Vienna Convention on the Law of Treaties( VCLT) вели: Договори што се во конфликт со задолжителните норми на меѓународното право (ius cogens) се ништовни!!

Договорот е асиметричен, зошто Првата страна има права, а Втората-обврски, ако се
изземат онаа „за ратификација на договорот, по усвоените амандмани на Уставот и
завршувањето на сите правни постапки, нужни за влегување во сила на истата (член 1, точка 4, под ѓ) и онаа: “да не приговара на апликацијата за зачленување или на
членството на Втората страна (член 1, точка 3, под а). Интересно , но речиси иста
формулација има во членот 11, став (1) на Привремената спогодба, но попусто, зошто
Грција ја прекрши, Меѓународниот суд ја прогласи за виновна, но не следеа никакви
правни и политички последици.

(Продолжува)