Во книгата „Пред атентатот и по него“, поранешниот претседател на македонското Собрание, Стјан Андов, открива детали околу политичките случувања во 90 години, одноите о тогашниот претседател киро Глигоров, несогласувањата со тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот Љубомир Фрчкоски.

„Стојане, вчера имав неочекуван состанок. Во вилата ми дојдоа Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Благоја Ханџиски, Фрчкоски и Јане Миноски. Тие мои гости зборуваа мирно како да се договараа со мене да одиме на плажа, а всушност побараа од мене да си дадам оставкa.

Не ги разбирам овие луѓе Стојане, ако нè тргнат нас двајцата и останат сами на власта, сосема е јасно како ќе владеат…“, беше дел од извадоците од книгата „Пред атентатот и по него“, што беше прочитан на вчерашната промоција на избраните дела на Стојан Андов, а во кои Андов разговара со поранешниот претседател на државата, Киро Глигоров.

„Му реков доста остро на Киро дека избрзал изговарајќи го моето име. Си помислив тој добро знае дека ја искомпликувал ситуацијата и во концепцијата на тие луѓе сега ќе се јави потреба како и мене покрај Киро да ме отстранат од политиката…“ пишува Андов.