Бугарскиот европратеник Андреј Џамбаски деновиве на Фејсбук најави дека ќе бара промена на бугарското законодавство што ќе отвори можност за одземање на бугарско државјанство на лица кои, според него, на разни начини учествуваат во антибугарска и македонсистичка пропаганда .

Во hинтервју за бугарски „Фокус“, околу оваа негова иницијатива, Ковачев вели дека „тие луѓе, кои по потекло се наши сонародници, нивните претцибиле Бугари, кои сакаат да добијат бугарско државјанство, неприфатливо е тие исти луѓе, откако ќе добијат бугарско држасвјанство да учествуваат во различни видови на кампањи и иницијативи, да пишуваат текстви на социјалните мрежи кои се против Бугарија, против бугарската историја, да го одрекуваат бугарскиот карактер на учесниците на Илинденско-преображенското востание, на луѓето кои живееле во Егејска Макдонија, во Кукуш во Загоричани, на нашата плејада револуционери, војводи, преродбеници и писатели, браќата Миладиновци, Григор Прличев и тн.“

Ковечев предлага јавно да бидат објавени имињата на оние кои го прават тоа особено ако се луѓе кои имаат некаква позиција во Македонија или на било кое друго место во светот.

И, второ, кога постојат јасни случаи за тоа, да се воспостави механизам за одземање на бугарско државјанство.

„ За жал, меѓу оваа група има и опортунисти кои се здобиваат со бугарски пасоши за економска корист и слобода на патување и работа во ЕУ. Но најлошото е што дел од нив не само што не се чувствуваат како Бугари, туку се меѓу гласноговорниците на омразата против Бугарија и бугарскиот народ. Такви има меѓу македонската политичка и економска елита.

Парадоксално е, на пример, дека само во сегашниот македонски парламент има над десет пратеници од ВМРО ДПМНЕ со бугарско државјанство кои, заедно со нивните семејства се самоидентификуваат како Бугари по потекло. Истите тие пратеници минатата година гласаа против Договорот за пријателство со Бугарија, а некои продолжуваат со  антибугарските тези“. Барем неколкумина на број се и пратеници на СДСМ“, напиша Ковачев на ФБ и продолжува.

„ Бугари, брачни другари или деца на Бугари, браќа и сестри на Бугари се насекаде. Сегашни и поранешни министри, кандидати за претседатели, поранешни директори на Државен архив, градоначалници, шефови на банки, бизнисмени, новинари, шефови на телевизии, весници и сајтови, дипломати, советници, општински советници, директори на служби … Нема ништо лошо со тоа што толку многу луѓе се свесни и се враќаат на нивните бугарски корени. Сигурен сум дека ќе бидат се повеќе и повеќе во иднина. Меѓутоа, она што треба е да се прекине  антибугарскиот говор и акции, особено од оние со бугарски пасоши“, пишува Ковачев на ФБ.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.