Ангел Димитров: Што со заедничкото минато ако има предвремени во Македонија?

Апсолутно е сигурно дека внатрешните политички тензии во Република Северна Македонија ќе се зголемат откако земјата не доби покана за почеток на разговорите за пристапување во ЕУ, предвидува во интервјју за БНР поранешниот бугарски амбасадор во Скопје и Белград и сегашен шеф на бугарскиот тим во Мешовитата експерстака македонско-бугарска комисија за историјата и образовните прашања, Ангел Димитров..

„Мислам дека опозицијата ќе ги искористи апсолутно сите можни средства за интензивирање на внатрешната напнатост. Не исклучувам и тензии во владејачка партија. Постојат различни крила и трендови. Затоа верувам дека нашиот млад сосед, Република с. Македонија, влегува во период на засилена внатрешна напнатост “, вели Димитров.

Како ко-претседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Димитров не очекува, во сегашната состојба и атмосфера, „брза и видлива промена во подготвеноста на неговите македонски колеги да постигнат  договор во толкување на минатото што  (според него –н.з.) е близу до научна вистина и прифатливо за обете страни“.

„Ова не го очекувам затоа што сигналите што доаѓаат од летото зборуваат за доведување во прашање на значењето дури и на оваа клаузула од Договорот за пријателство и добрососедство, со кој се уредува изгледот и работата на заедничкиот комитет“.

Димитров вели дека не е постигнат ни чекор напред во разговорите за личноста  на Гоце Делчев на охридската средба неделава.

„Она што успеавме да го направиме беше да го прифатиме записникот од претходната неуспешна средба“, вели Тој.

Следниот состанок на комисијата е закажан за крајот на ноември во Бугарија.

SHARE