Ангеловска нема поддршка од Владата за платите на администрацијата

Министерот за економија Бектеши тврди дека во ребалансот на Буџетот нема да е вклучено кратењето на платите на јавната администрација, за што тој и министерката за финансии имаат различни ставови.

Иако министерката Ангеловска пред неколку дена предложи кратење на платите за администрацијата сега излегува дека оваа мерка воопшто не е разговарана на владина седница.

Министерот Бектеши во врска со кратењето на платите на вработените во јавната администрација, потенцираше дека ова прашање не било отворено како тема кога станувало збор за ребалансот на Буџетот.

Со кого се консултирала Ангеловска пред јавно да предложи кратење на платите владата не открива.

SHARE