Првата мала хидроцентрала во земјава добила лиценца за работа пред десет години и оттогаш досега се изградени и функционираат 75 мали хидроелектрани. Владата на последниот енергетски форум соопшти дека уште 35 се во градба, а 18 други чекаат за концесија, пишува Радио Слободна Европа.

„Според податоците од регистарот на Регулаторната комисија за енергетика за повластени производители на електрична енергија од малите хидроелектрани, како и од податоците од Централниот регистар, се гледа дека една третина од веќе постојните 75 хидроелектрани се во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. На сајтот на фирмата Фероинвест, која е во сопственост на Анѓушев, пишува дека тие поседуваат 25 мали хидроелектрани“.

Слободна Европа пишува дека на списокот сопственици или основачи на мали хидроелектрани се наоѓа и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој со влог од 700 евра во 2014 година станал дел од сопствеништвото на компанија која поседува три хидроцентрали.

Извор: Радио Слободна Европа

SHARE