Анѓушев го бара кртот во Владата и бара Заев да му каже дали ќе оди „курбан“

Веднаш откако провладини медиуми кои имаат блиски релации со највисоки владини функционери објавија документи до кои пристап имаат само неколку луѓе во владата, вицепремиерот Анѓушев побарал итна средба со премиерот Заев со цел да открие кој ги доставил документите до пријателски медиуми на владата.

Анѓушев сака да открие кој е кртот и по чиј налог се објавени документите од кои се гледа дека негови фирми се дел од нов скандал во кој треба да добијат државна помош.

На интелигентниот Анѓушев не ми требало многу време да разбере дека во игра е и опцијата тој да биде жртвата што владата треба да ја даде по бранот критики во јавноста за тендерите во Фондот за иновации.

Поради лидерската средба и заминувањето на премиерот во Мостар Анѓушев денеска не успеал да има тет а тет средба со Заев тврдат владини извори кои најавуваат дека до неа ќе дојде веднаш по враќањето на премиерот.

Изворите не сакаат да коментираат односите во владата но сугерираат да се прочитаат заклучоците и препораките на ЕУ за Македонија особено делот во кои се зборува за корупцијата на највисоко ниво.

Ситуацијата во која се најде најбогатиот член на владата и еден од најбогатите Македонци е уште посложена поради неколкуте инциденти во кој тој им се закануваше на новинари.

Сабриоски: Анѓушев му се заканил и на новинар

Кои документи ги објавија провладините медиуми за Анѓушев

Кој му „копа политички гроб“ на Анѓушев – провладини медиуми објавуваат документи за негови фирми

SHARE

Comments are closed.