Анѓушев ја „денфува“ стомилионската штета од квотите на ЕУ за челикот

За разлика од стопанствениците, кои ја проценија штетата на сто милиони евра, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека воведувањето квоти од Европска унија за увоз на челик и на алуминиум од Македонија нема да предизвика пад на економијата.

Заменикот на премиерот Зоран Заев тврди дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик така што на просекот од последните три години ќе се додадат пет проценти, па, според него, станува збор за зголемување на извозот, а не за намалување.

Некои од македонските фабрики, пак, токму поради квотите од ЕУ се пожалија дека им се ограничени можноастите, поради што ќе бидат принудени да ги испратат своите вработени на принуден одмор.

Според испратената формална нота од Европска комисија до Владата, пак, кога квотите за увоз на челик и на алуминиум ќе се исполнат, царината за овие производи ќе биде зголемена за 25 проценти.

SHARE