Анѓушев потврди дека си оди од Влада по Нова Година

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев соопшти дека тајмингот за негово заминување од Владата е 3. јануари, кога практично треба да се формира техничка Влада на чело со технички премиер, пред закажаните избори.

Анѓушев за Тренд Анализа вели дека Државната Антиокорупциска комисија погрешила во одлучувањето за случајот во кој антикорупционерите му препорачаа на премиерот Заев да го повика на одговорност за одлучување поврзано со царини на увоз на литиумски батерии.

„Оваа препорака е донесена за да се задоволи јавноста дека се води борба со функционери, но во случајов јас сум функционер кој транспарентно работи, а дилетанти кои го втурнаа правосудниот систем останаа неказнети“, вели вице-премиерот на заминување.

SHARE