Анѓушев: За бројчаникот на „Триумфална“ не ме прашувајте мене

Вицепремиерот за економски прашања, во гостување синоќа на ТВ Алфа рече дека тој не е соодветниот што треба да даде одговор кога ќе проработи „бројчаникот“ на Триумфалната порта во Скопје.

„Тоа не е прашање што треба да го одговори вицепремиерот за економски прашања – рече Кочо Анѓушев во емисијата
емисијата „Што не е јасно?“ .

Вицепремиерот рече дека тој не е орган за конфискување, па да може да даде одговор на тоа новинарското прашање.

SHARE