Додека опозициската Неа демократија продолжува да одржува јасно водство над вледејачката СИРИЗА, 62 отсто од Грците бараат одржување на предвремени избори.

Според анкетата на Kapa Research, огромното мнозинство граѓани  поддржуваат предвремени избори: 44 отсто од анкетираните сметаат дека изборите треба да се одржат порано од мај 2019 година, додека 18 отсто сметаат дека парлементарни избори треба да има во во мај заедно со локалните и европските избори, пренесува „То Вима“.

Мандатот на коалиционата влада СИРИЗА-Независни Грци истекува наесен.

Што се однесува до рјтингот, опозициската  НД има 25 отсто поддршка во јавноста, СИРИЗА 20,3, трета е националистичката „Златна зора“ со 7,9 проценти. Натаму следуваат Движењето за промени(КИНАЛ) (6,4%) и комунистичката ККЕ (5,6%).

Според анкетата, Независни Грци, Сојуз на центри и партијата „Потами“ нема да влезатво идниот парламентарен состав.

Анкетата покажува дека и лидерот на НД  Киријакос Мистостакис има мало водство пред премиерот Алексис Ципрас.

SHARE