Анкета: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

М

Дури две третини од граѓаните сметаат дека пратеникот Павле Богоевски треба да поднесе оставка, покажува онлајн анкета на истражувачкиот центар на „Макфакс“ во која гласале 4.672 лица.

Од нив 66,4 проценти сметгаат дека Богоевски треба да поднесе оставка од функцијата по обелоденувања на аудиоснимка на која се слуша како нарачува психотропни супстанции.

Над 16 отсто од испитаниците сметаат дека Богоевски треба да направи наркотест за да се утврди дали е тој уживател на психотропни супстанции, а 12,6 отсто од анкетираните сметаат дека Богоевски не треба да поднесе оставка бидејќи тоа е негова лична работа.

Само 4,4 проценти сметаат дека треба да се пронајде возачот на такси-возилото.