Антикорупциската комисија на денешната прва седница го разгледуваше прашањето дали имало конфликт на интереси во случајот со новоименуваниот член на Антикорупциска Нури Бајрами кој е баџанак на парламентарниот спикер Талат Џафери.

„Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаа родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, рече Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска која денес заседаваше прв пат во новиот состав, пренесува СДК..

Со ждрепка денешната прва седница за заменик претседател на Комисијата беше избран  токму Нури Бајрами.

SHARE