Антикорупцоската комисија го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка која во изборен период исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2.000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми.

На денешната седница се разгледуваат четири приговори на опозициската партија.

Антикорупциска ќе иницира постапка за утврдување одговорност за Агенцијата која прекршила член од Изборниот законик, затоа што исплатила буџетски пари откако биле распишани претседателските избори, објави Плусинфо.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.