Антикорупциска со катастрофален скор: Само една јавна опомена за корупција

Во земја која за една година падна 13 места на светската листа на корупција државната комисија која се занимава со ова прашање изрекла само една јавна опомена во период од седум месеци.

Според законот Антикорупциска комисија мерка јавна опомена ја изрекува на лица кои се избрани на непосредни избори.

Уште пострашно е што откако беа закажани предвремените избори комисијата драматично ги намали своите активности во врска со случаи на корупција во која најчесто се инволвирани функционери на СДСМ и ДУИ.

Антикорупционерите во последниве 2 месеци се занимаваат со се останато освен со конкретни случаи на корумпирани државни функционери.

Еден од примерите за бавно процесирање на државен функционер од редовите на СДСМ е случајот МНАВ во кој целата јавност слушна како генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски договара тендер вреден 7 милиони евра со италијанската фирма Леонардо.

Од лани во мај ДКСК не донела одлука за случајот барајќи алиби во други државни органи иако и без нив може да ги утврди фактите.

ДКСК се фали дека времето од 80 дена колку што им треба за поединечните случаи е добро иако споредба на македонската со сите останати комисии во Европа и регионот своите случаи ги завршуваат за многу пократко време.

Извори во комисијата признаваат дека политички врски и влијанија од страна на политички партии и државни функционери врз претседателката Билјана Ивановска се главната причина за бавноста на комисијата која е практично блокирана пред изборите со цел да заштити одредени функционери и имиџ на дел од партиите пред 12 април.

За лошиот скор на ДКСК реагираат и странски дипломати и донатори кои сметаат дека покрај системските проблеми на администрацијата главен проблем за блокадата на комисијата е блискоста на дел од ДКСК со моќни фигури во владата.

Целиот извештај на ДКСК

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2020/01/web_PLATFORMA_prv_izveshtaj_DKSK.pdf

SHARE