Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе инсистира на одговор за наводното труење на членовите на изборната комисија во Косово.
Тој најави дека ќе зборуваза наводното труење пред ОН следната година.
„Светот не видел такви политички лаги. Таа доза непромисленост, да се обвини нормалната земја за вакво нешто, не е видено. И тогаш ќе дојде експертот Курти да разговара за нормализација со Србија”, рече Вучиќ запрашан за коментар околу пребројувањето на гласовите од Србија во Косово во – заштитни скафандри.
Вучиќ вели дека прашал што мислат во Брисел за случајот, дали станува збор за антракс или новичок и иронично забелаже дека му се чинело дека се работело за вариола вера.
„Тие сè уште не ме информираа“, рече тој.

SHARE