Апасиев бил во право: Независни аналитичари и новинари со Никола Димитров (ФОТО)

Профилот на Фејсбук #Следиме објавува фотографија на која што на приватна средба се фотографирани министерот за надворешни работи Никола Димитров, еден политички аналитичар кој постојано ја брани власта на ТВ дебати и една новинарка.

На фотографијата снимена во скопска кафеана покрај министерот се една за јавноста непозната личност, аналитичарот Петар Арсовски и новинарката Катерина Синадиновска која има своја емисија за ЕУ на МТВ и известуваше за јавниот сервис од самитот во Брисел.

Минатиот четврток професорот Димитар Апасиев во емисијата Само Вистина на Канал 5 го обвини Арсовски дека не смее да се претставува како независен аналитичар кога постојано седи во кафеани со вицепремиерката Шеќеринска и министерот Димитров.

https://www.facebook.com/1514084682041288/posts/2413044652145282/

https://www.facebook.com/255990845327431/posts/409791743280673/?sfnsn=mo&d=n&vh=e