Апасиев до Владата: Вие сте тотално луди со се “шупа*от” од ДУИ

“Вие сте тотално луди луѓе! Вас ви нема спас. И затоа ќе си го добиете. Ама жестоко”.

Ова и го порачува на Владата професорот Димитар Апасиев во врска со одлуката пензионерите, вработените, луѓе со други приходи или тие што немаат лиценца да не можат да продаваат овошје и зеленчук на пазарите.

Според него оваа владина мерка има за цел да направи простор за поголем профит за прекупците.

“Имаш 11.000 пензија. Имаш и мала бавчичка која ти раѓа патлиџани. Ама ти нема да смееш да си ги продадеш на пазарче, оти на некој ШУП*К ОД ДУИ му текнало да предложи таков Закон!!! А во меѓувреме, Зелената мафија на прекупците од Кванташки нека ќари од потта на ситните земјоделци”, заклучува Апасиев кој го користи хаштагот #МамицатаВашаХоштаплерска.

Револтираниот професор најавува дека законот ќе биде оспорен пред уставниот суд и директно прозива луѓе во владата од кои бара одговори.

“Баш би сакал другар ми Branimir Jovanovic да ни објасни како тоа СИРОМАШНИТЕ добиваат од овој Закон!?

А може да се убаци и благоглаголивиот портпаролот Mile Bosnjakovski.

Пренесете му на Премиерот Zoran Zaev, дека со овој налудничав потег на ИЛЈАДНИЦИ СИРОМАШНИ НАШИ СОГРАЃАНИ ќе им ја секнете секоја можност за дополнителна легална заработка, како и можноста за самостоен излез од мизеријата во која се напикани не по нивна вина.

Најчесто продавачи се стечајците и пензионерите, кои едвај крпат крај со крај. И конечно, еве да ви кажам како професор по право, овој антисиромашен закон е спротивен на Уставот и истиот ќе биде оспорен пред Уставен суд. Се надевам дека тогаш нема да биде 7:2 у гласови кај карикатурите од судии. Јаз’к да ви е!!! Ова НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО”, порачува Апасиев.

SHARE

3 Коментари

  1. 1. Прво владата мора да одговори како ја започнува постапката за уставни измени
    кога Договорот е спротивен на Уставот и не е објавен во Службен весник ?
    2. Формално-правно овој Договор не може да влезе во правна сила се додека не се
    усогласи со Уставот на Република Македонија и додека не биде објавен во Службен весник
    3. Чл. 51 од Уставот е дециден и вели законите мораат да бидат во согласност со
    Уставот, а СИТЕ ДРУГИ ПРОПИСИ, вклучително и билатералните и другите
    видови меѓународни договори, мора да бидат во согласност со Уставот и со
    законите.
    4. Чл.52 од Уставот вели законите и другите прописи се објавуваат во „Службен
    весник“ пред да влезат во сила.
    5. Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со
    Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори.
    6. Голем број врвни експерти од странство се изјаснија дека Договорот е во
    спротивност и со меѓународното право, односно дека истиот е предавство на
    меѓународните принципи и правила.
    7. Во чл. 118 од Уставот стои дека меѓународните договори што се ратификувани во
    согласност со Уставот, што значи со закон објавен во „Службен весник“, СЕ ДЕЛ
    ОД ВНАТРЕШНИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК. Овој договор не е дел од внатрешниот
    правен поредок на земјата и не може да биде основа за менување на Уставот.
    8. Ова значи дека Владата и натаму го крши Уставот и врз основа на неуставен
    договор подготвува цела постапка за промена на Уставот.
    9. Овој предлог за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од
    материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците, бидејќи
    истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од
    Уставот.
    10. Исто така, со предлогот за пристапување кон измена на Уставот не се почитува
    волјата на над еден милион и двестотини граѓани кои не го прифатија Договорот од
    Преспа како основа за менување на Уставот.
    11. Волјата на граѓаните изразена на референдум согласно Уставот е
    ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА ВЛАСТА!
    12. Чл. 73 од Уставот јасно наведува дека одлуката донесена на референдум без
    разлика дали е таа позитивна или негативна во однос на референдумското прашање
    е задолжителна за сите.
    13. Уставот не прави разлика меѓу консултативен и задолжителен референдум, туку
    вели дека одлука донесена на сите видови референдуми е задолжителна, бидејќи
    волјата на граѓаните е суверена и е над власта.
    14. Референдумот беше неуспешен, тоа го соопшти и ДИК, и со недонесена одлука на
    референдум власта не може да менува Устав за промена на име на држава!

    • 1. Дали си свесен дека пишуваш за Македонија 2018г?
      2. Дали знаеш дека, на 27 април 2017 е извршен државен удар?
      3. Дали знаеш, дека од тој датум Македонија е и формано окупирана држава?
      4. Дали знаеш дека сите оние кои се во Собранието се квислиншка власт (доказ непочитување на волјата изразена на референдумот), а оние кои излегоа на референдумот (барем поголомиот дел) се класична петта колона???


      за каков Устав и закони зборуваш, од кога постојат такви нешта во окупирани држави … кога веќе еднаш ќе ја прифатите реалноста и ќе го усогласите своето пишување и делување со реалноста???
      Што треба да се случи за да ја прифатите реалноста?

      медиумските пресститутки со сите сили сакаат да не убедат дека начинот на “заминување“ на Груевски од окупационата зона е многу посуштествено и позначајно прашање од промената на Уставот и името Македонија!!! (тнр независно-зависни новинари молчат како п*чки, толку им сече).

      Постојано им се наметнува на луѓето (ако има такви де) дека некој што е проблем може да биде и дел од решението, е па-сеа, може ама ако се играме, инаку во сериозни работи такво нешто е незамисливо (Апасиев кој ја донесе оваа квислинчка власт сега ќе ја рушел… и замислете има уште такви кои веруваат во тоа, исто како што петоколонашите од ВМРО-ДПМНЕ ќе го бранат името….
      за сега само Единствена Македонија има конзистентни ставови во врска со националните и државните прашања за Македонија дали ќе опстои, да почекаме, едно е сигурно токму заради тие ставови истата се маргинализира и се води пропагандана војна против, само да си знаете тоа ви е добиена битка но изгубена војна. На сите велепредавници, квислинзи и петоколонаши им посакувам среќен пат во пеколот!

Оставете Коментар