Апасиев: Левица ќе освои пет пратеника на изборите

„Искрено се надевам да влезе целиот президиум или пратеничка група од пет пратеника. Значи носителите на листи од „единица“ до „петка“ се надевам дека имаат реални шанси да влезат во парламентот, бидејќи статистички за таа излезност ви требаат околу осум илјади гласови“, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев за шансите на неговата партија на изборите на 12 април.

Во интервју за „Економски лидер“, тој предвидува дека СДСМ ќе доживее дебакл, а верува дека во парлементот ќе влезат помалите партии без кои нема да може да се формира влада.

Апасиев вели дека првиот услов за коалицирање и влез во идна влада ќе биде спремноста да се поништ Преспанскиот договор.

SHARE