Апасиев: Преспанскиот договор не може да се поништи во моментов

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше и за Преспанскиот Договор кој според него во овој момент поради актуелното македонското политичко милје не може да биде пoништен.

“Преспанскиот Договор е швeрцерски договор, нема потпис од претседателот кој е по Устав титулар да го овласти и да го потпише и во моментот македонското политичко милје не може да го пoништи овој договор”, рече Апасиев на Канал 5.

Апасиев и неговата партија Левица меѓу граѓаните важат за политички фактор кој се залага за поништување на Преспанскиот Договор и бришење на називот „северна“ од Уставот на Република Македонија.