Користејќи реплика од култниот македонски игран филм „Тетовирање“, Димитар Апасиев од Левица ја повика „меѓународната“ да реагира за шверцерски донесениот Закон за јавно обвинителство.

„Системски закон (за јавно обвинителство), предложен од техничка Влада (која има мандат само да спроведе регуларни избори), за којшто требаат најмалку 80 пратеници – се ‘носи’ по скратена постапка (со шверцерско европско знаменце) и тоа со 74 гласа – само и само да се амнестира ЗАЕВ од кривично гонење после изборите!? 

p.s. ЕУ, Кале, Прибе… Бекнете нешто бе, ќе ни снема лента 😉

#ДаЖивеатЕвроАтланскитеВредности
#ДаЖивееПравнатаДржава
#ДолуСеверџанскиотПротекторат“, напиша на Фејсбук професорот на Правниот факултет при државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, барајќи реакција од Европската унија, од САД, од експертот на Европска комисија за владеење на правото, Рајнхард Прибе, за „носењето“ на ЗЈО со повторно гласање откако на првото доби само 74 гласа и го немаше потребното двотретинско мнозинство.

SHARE