Апасиев: Затворете ја Цементарница, не отрувте


Димитар Апасиев на власта ѝ порачува да ја затвори скопската цементарница УСЈЕ, за која вели дека е најголем загадување на воздухот во Скопје.

„На времето, нè лажеа у Велес дека не можат да ја затворат ТОПИЛНИЦА – оти била „индустриски гигант“!? И после притисокот на јавноста, со најголемиот еколошки протест у историјата на МК – ја затворија со обичен записник на локален инспектор. Ааааа, значи можело, а?

Истиот рецепт треба и за Цементарницата УСЈЕ!
ЗАТВОРЕТЕ ЈА БЕ ХОШТАПЛЕРИ – НЕ’ ИСПООТРУВТЕ!!! пишува Апасиев на фејсбук.

SHARE