Апел на ММДЧП: Реагирајте до меѓународните медиуми да го запрат говорот на омраза кон Македонија

Македонското меѓународно движење за човекови права до сите Македонци објави јавен повик за акција.

“Посетете ја страницата http://mhrmi.org/act/media за бргу и лесно да испратите порака до најголемите медиуми низ светот. Кажете им дека начинот на кој известуваат за Македонија придонесе кон принудното преименување на Македонија и шири културолошки геноцид. Кажете им да го бранат нашето право да постоиме и дека НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА”, се вели во повикот на ММДЧП од каде апелираат да се сподели овој текст за сите што ги знаете да го сторат истото.

” Не запирајте. Ќе си го вратиме името Македонија” се вели во реакцијата на ММДЧП.

Интегрално повикот на ММДЧП:

“Одете на http://mhrmi.org/act/media веднаш за да ја испратите следната порака до меѓународните медиуми:

Вашето известување за Македонија шири омраза

Изразот “Северна Македонија” го негира нашето име и идентитет. Крајно е навредливо вашето известување дека со принудното преименување на Македонија (кое Македонците во целост го отфрлаат) се “решил дипломатски спор”.

Ние сите имаме право на самоопределување, но ова право брутално им е одземено на Македонците, а оваа постапка вие ја славите.

Во вашето известување тргнувате од претпоставката дека правото на Македонците на своето сопствено име е “новосоздадено”, и дека Грција е “вистинскиот” сопственик на нашето име, и покрај тоа што Грција со генерации го негираше постоењето на Македонија, ја забрануваше употребата на зборот на “М” и спроведуваше брутални политики чија цел беше да се избришат Македонија и Македонците.

Нивното новоизмислено барање дека името Македонија е нивна сопственост – кое првпат го промовираа во 1988 година – е провиден обид да се одврати вниманието од нивните анти-македонски политики, што грчките политичари и јавно го признаваат.

Немојте да ја славите оваа злоупотреба и културолошки геноцид. Прочитајте го следниот текст https://mhrmi.org/news/you-would-never-give-away-your-ethnic-identity-so-why-should-macedonians и кажете ми што мислите за него.

Кажете ми дека ќе почнете одговорно да известувате за принудното преименување на Македонија и дека ќе го браните нашето право да постоиме. Ви благодариме”.

SHARE