Апел за помош ТВ ВИС што побрзо да се врати во етерот

По синоќешниот пожар во регионалната ТВ ВИС од Струмица, денеска со апел за помош на колегите се јавија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија.

Тие апелираат до локалната самоуправа, државните институции, стопанските субјекти и до поединци да помогнат за што побрзо враќање на телевизијата во етерот

„Локалните и регионалните медиуми во Македонија имаат посебно значење, бидејќи тие обработуваат теми од локален карактер кои се од јавен интерес . Без овие локални медиуми граѓаните остануваат лишени од важни информации кои се значајни за нивното секојдневно функционирање .

Во кризни ситуации како оваа во која се наоѓа државата во моментов, важноста на локалните медиуми е уште повеќе изразена“, се вели во заедничкото соопштение на ССНМ, ЗНМ и СЕММ .