Апсен од “режимот” до “хунтата”: Олабавете со пропагандата, исто смрдите

Реакција на активистот на “Шарената револуција” Горјан Атанасов кој е на фотографијата која деновиве ја користи пропагандата ма СДСМ за да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш по објавувањето на предвремените избори во април медиумите и социјалните ботови под контрола на СДСМ започнаа да објавуваат фотографија од двајца членови на Шарената револуција кои ги апсат специјалци за време на протестите за случајот Мартин Нешковски.

Еден од двајцата што лежат на земја на сликата е Горјан Атанасов кој сега има молба до СДСМ:

“Ги замолувам СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и нивните комуњарски портали да олабават со пропаганда особено онаа во која мене лично ме има.

Патем, овој случај од сликата која сте ја ставиле е се’ уште во судска постапка.

Јас заедно со уште дузина други кои беа уапсени оваа вечер, се влечкаме по судови и сакаат да не’ казнат.

Вмровците на кои со ваква пропаганда сакате да им украдете гласови ги пуштивте на слобода.

Оние што индиректно ви помогнаа да стигнете таму кај што сте денес во вашите удобни фотељи ги оставивте само по вашите пропагандни фолдери за да ги вадите кога ви е потребно.

Сите исто „гушкате“ и сите исто смрдите”, пишува во пораката на Атанасов до СДСМ чии пропагандисти го злоупотребуваат активистот.

SHARE