Идејата на претседателот на Бугарската кошаркарска федерација, Георги Глушков, за регионална лига со клубови од Бугарија и од Македонија, ја прифаќаат и грчките Арис и ПАОК, и двата од Солун, а натпреварувањето би стартувало в година, објави тој.

„Ние бевме иницијатори. Направивме што треба. Се поврзавме со екипи од Солун. Го имам нивното мислење дека се согласни. Од Северна Македонија немам никакви новини во однос на оваа лига. Се надевам дека ќе одговорат наскоро“, изјави Глушков.

„Да бидам искрен, ја гледам од следната сезона. Во моментов сериозно задоцнуваме и, ако треба да бидам оптимист, ќе речам дека ќе се бориме. Следната година, сепак, е најреално. Колку што сум информиран, во Северна Македонија изразиле слични мислења“, додаде првиот кошаркар од источниот блок што заиграл во НБА-лигата – во сезоната 1985-86 беше член на Феникс санс.

Арис е 10-кратен грчки шампион, освојувач на Купот „Радивој Кораќ“ во 1987 година и на Сапорта купот во 1994, како и трикратен полуфиналист на Евролигата (1998-1990).

И градскиот ривал ПАОК има по еден трофеј во Купот „Кораќ“ (1994) и во Сапорта купот (1991), беше трет во Евролигата во 1993 година, а во Грција има три шампионски титули.

Во прекинатата сезона 2019/2020 поради коронавирусот Арис заврши претпоследен во грчката лига, а ПАОК последен, но не испаднаа по гласањето на 14. прволигаши.

SHARE