Обвинетиот за насилствата во Собранието на 27 април, Љубен Арнаудов денеска ги изненади новинарите.

Пред почетокот на денешното рочиште каде чекаа новинари, Арнаудов кусо отсече дека изјава за медиумите дава само за 50 евра, што може да се види од снимката на А1.Он.

Тоа беше неговиот одговор дали ќе поднесе барање за амнестија откако вчера Законот беше изгласан од 95 пратеници во Собранието и без ниеден против или воздржан.

Обвинетите, ќе имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија откако Законот ќе стапи во сила кој сега чека потпис од претседателот ИВанов.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.