Кабловските оператори треба да ја преиспитаат одлуката за укинување на емитувањето на каналите и мора да ги почитуваат договорите што ги склучиле со граѓаните и компаниите, предупреди Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.

„Закани за информативен мрак се недозволиви, поточно потребно е да се почитуваат законите и воспоставените договори во рамки на облигациските односи. Сите зависиме од информациите кои се неопходни во деловното работење и затоа за еднострано раскинување или адхок измени на договорите од страна на операторите, сите треба да се свесни дека ќе имаат реперкусии“, вели Арсовска.

Денеска петте национални телевизии ги обвинија кабловските оператори за ниско ниво на општествена одговорност и дека саакат да воведат информативен мрак, откако операторите се заканија дека нема да емитуваат ниедна домашна и странска програма додека важат законските одредби кои предвидуваат и кривична одговорност за емитување на програми без регулирани авторски права.

SHARE