Арсовски: Измените на Изборниот законик – мини победа на ДУИ

Измените на Изборниот законик претставуваат мини политичка победа на ДУИ, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Во разговор за ТВ Телма, Арсовски објаснува дека со прекројувањето на петтата и шестата изборна единица, македонски гласови „се селат“ во петтата , соидносно се намалува бројот на македонски гласови во шестата изборна единица.

Според некои проценки, со оваа „операција“ се зголемува бројот на пратеници Албанци во парламентот.

SHARE