Адеми унапреди 20 Албанци во Министерство за култура

Министерот за култура, денеска ги врачи реченијата за унапредување на 20 вработени Албанци во Министерството за култура.

На Фејсбук Адеми објасни дека унапредените за прв пат ги запознал кога стапил на должност пред 6 месеци.

Но, според министерот, тие и покрај тоа што подолго време работеле во Миистерството, не добиле унапредување од позицијата на која биле вработени.

„По напорите на целиот кабинет, успеавме да го комплетираме новиот систем и, во соработка со другите колеги,  денес понесов одлуки за нивно унапредување во рамките на Министерството за култура“ , напиша Адеми.

SHARE

Оставете Коментар