Асошиетед прес ја опиша Бугарија како екссоветска република, па се поправи

Известувајќи за посетата на папата Франциск во мај 2019 година, новинската агенција Асошиетед прес ја опиша Бугарија како поранешна советска република, а четири дена подоцна објави корекција на веста што ја пренесоа многу светски помалку или повеќе познати медиуми.

На 13 декември АП објави дека папата во почетокот на следниот мај ќе ги посети Бугарија и Македонија, за вчера да се коригира во делот за источниот сосед, појаснувајќи дека „за време на Студената војна Бугарија беше еден од советските сојузници што го формираа Варшавски пакт“.

  

SHARE