Атиџе против Обама

Според влијателните „Њујорк тајмс“ и „Асосиејтед прес“ во понеделник наутро Македонија нема да се радува на „Оскар“ иако „Медена земја“ заслужува да победи во двете категории во кои е номиниран.

Во категоријата „Најдобар документарец“ предност за триумф му се дава на документарецот „Американска фабрика“, првиот филм кој го продуцираше компанијата на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

„Добра приказна ви дава шанса подобро да разберете нечиј друг живот. Може да ви помогне да пронајдете заедничка основа“, напиша поранешниот американски претседател Обама на „Твитер“ за документарецот во коој се говори за напуштената фабрика на „Генерал моторс“, која беше претворена во фабрика за стакло од еден кинески милијардер.

Во категоријата интернационален филм, каде без конкуренција главен фаворит е јужнокорејскиот „Паразит“ кој е потенцијален победник и во категоријата за најдобар филм воопшто.  

Извор: Женски магазин

SHARE