Атина: Ако прифатија за Илинденска ќе прифатат и за Горна

Ако се суди според тезите што ги пренесуваат добро информирани и на владата во Атина блиски медиуми планот на Грција е јасен.

Ако Македонија прифатила ерга омнес за Илинденска зошто да не прифати промена на устав и за некое од четирите имиња што ги предлага Нимиц, северна, горна вардарска и нова. Република Македонија (Скопје) за Атина е неприфатливо.

Во пресрет на средбите во Њујорк има уште два важни моменти за кои се зборува во Грција.

Гласниот молк за телефонскиот разговор Меркел – Ципрас што е реткост затоа што вообичаено пред јавноста секогаш имало по некоја поента од вакви разговори дури и кога тие биле болни за Грција.

Вториот момент е најавата за посета на Коѕиас, практично мини турнеја на Брисел, Париз и Берлин нешто што не е најавено и за Димитров.

Сите овие моменти се случуваат во ситуација кога грчката влада го загуби и простото мнозинство во парламентот откако министерот за одбрана Каменос рече дека неговата партија нема да гласа за име кое го содржи зборот Македонија и практично ги урна преговорите во Њујорк.