Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на прес соопшти дека Република Грција испратила вербална нота поради менувањето на таблата во министерството за труд и социјална политика од страна на техничкиот министер Рашела Мизрахи.

„Мизрахи го прекрши уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров.

Според МНР Димитров, министерката Мизрахи ги „проблематизира односите со соседна Грција,создаде проблеми во реализацијата на двете децениски стратешки цели на татковината – члленство во НАТО и во ЕУ“.

SHARE