Августина Бевик, Британката што пред еден век побара автономна Македонија

На денешен ден (4 јануари, 1919 г.), пред точно 100 години, Августина Бевик, британска католичка милосрдна сестра што служела во болницата „Свети Павле“ во Солун, испратила писмо до Јан Малколм, еден од британските претставници на мировната конференција што после крајот на Првата Светска Војна се одржувала во Париз, Франција. Јан Малколм во тоа време му бил личен секретар на Артур Балфур, поранешен британски премиер, којшто на конференцијата бил во функција на Министер за надворешни работи на Велика Британија.

Во писмото стои:

„Болница „Свети Павле“
Солун
4. 1. 1919

Драги Господине,
Ве молам извинете ме за слободата што ја земам за да Ви пишам, тоа е заради тоа што крајното решение за Балканот е од витален интерес за католиците во овие земји. — Јас поминав 33 години во оваа мисија, Унијатската католичка мисија, којашто на почетокот на Втората Балканска Војна броеше 10,000 католици.

Букурешкиот мир којшто ја раздели Македонија без почитување на правдата, беше причина овие бедни луѓе да бидат растурени за сметка на нивниот словенски јазик, којшто беше забранет во црквите и училиштата.

Митрополитот имаше свое седиште во Солун, сега е во прогонство повеќе од три години. Неговите свештеници се растурени, неговата паства е навистина без пастири, ниту пак имаме некоја надеж за негово враќање во било кое место што се наоѓа под српско или грчко владеење.

Грците нема да дозволат словенскиот јазик да се употребува во црквите и училиштата, населението во Македонија во големо мнозинство се Словени; тие сега самите се нарекуваат Македонци; и она што тие го сакаат а и ние ревносно го сакаме за нив е автономија под европска контрола.

На било кој начин Македонија да се раздели, народот секогаш ќе биде незадоволен, и штом е во можност повторно ќе се бори, единствената надеж што можам да ја предвидам е во една силна автономија, којашто ни Грците, ни Бугарите, ни Србите не би се дрзнале да ја нападнат, тогаш Македонците коишто се навистина интелигентни, и послушни кога со нив добро се постапува, ќе можат мирно да ја унапредат нивната прекрасна плодна земја, и можеби ќе научат да се цивилизираат.

Европа сигурно нема да ја остави Македонија под народ кого Македонците го мразат, и со кого тие ќе се борат во континуитет.

Бидејќи малите балкански држави никогаш не можат да се согласат, но секогаш се борат за Македонија, ниту една нека не ја поседува неа. — Тогаш можеме да имаме мир, католиците одново ќе се предадат сесрдно и сите години на тешка работа меѓу нив не ќе бидат упропастени.

Сега работите изгледаат мрачно, особено онаму каде влегоа Грците, но светот му припаѓа на Бога, и се надеваме и молиме дека Тој ќе ги благослови сите напори што се прават за да се спасат католиците.

Верувај ми драги Господине,
Искрено Ваша во Исус Христос,
Сестра Августина, милосрдна сестра.“

Објавено од Христо Андонов-Полјански во „Гласник“, ИНИ, Скопје, 1971, стр. 187-197.

Приказната за Сестра Августина ја открива Активистот Гоце Панговски на својот Фејсбук профил

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219102462461114&id=1492956396

SHARE

6 Коментари

  1. Вакви писма од Македонци имало многу, ама тие се Македонци а оваа е е британска калуѓерка и затоа нејзиното писмо е повредно а нивните се …
    Имало писма, имало барања, имало протести и се така додека не одлучиле да земат оружје во рака Македонците немале своја држава, држава не се создава (и чува) со протести туку со оружје, зарем мислите дека денешните демократски флоскули “ајде да протестираме“ ги немало и тогаш, па и тогаш имало демократи (исти како овие садссеовци и дпменеовци, па по војната кога им е одземен имотот заради колаборационизам со бугарските и другите фашисти -денес стари европски демократии, се вадеа дека и тие биле Македонци и дека ја сакале многу ама имале семејство за гледање), се е исто со децении, векови и милениуми, се менват само глумците а режијата е иста.
    (да не се занесувате дека малцинства создават држави – секогаш тоа се народи и тоа државтоворни народи, ако пак се повикувате на УСА и Австралија (некои ја мешат со Австрија) тоа не се држави туку колонии, односно корпоративни творби.)

    А решението е толку едноставно, што поедноставно не може, само треба еден од велепредавниците во сточниот пазар “Собрание“ да се “разубеди“ да и понатаму ја продава Македонија и тоа ќе биде почетокот на крајот на овие квислинзи на сите нив до еден.

    Пред некое време излезе и барањето на еден друг Британец Гаретко (ми се чини се викаше) и тој од Претседателот на Македонија бараше регионализација-кантонизација на Македонија и тоа со дури 7 кантони (а овој батко Ѓорѓија кобајаги ја спасувал со тоа што успеал да ги намали на четри), ЗОШТО ехпрес.мк не го објави и неговото барање за ослободување на Македонија преку кантонизација – федерализирање до суицид, би било интересно да видиме какви коментари ќе има!

Comments are closed.