Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата 1ТВ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Новинарот што го водел интервјуто, Сашо Орданоски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумpција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните, се вели во соопштението.

„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Орданоски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на разни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.

Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.