АВМУ донира 1 милион денари за заштитни средства за полицијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на коронавирусот.

Договорот вчера го потпишаа првиот човек на АВМУ, Зоран Трајчевски и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

За Министерството за внатрешни работи овој потег на Агенцијата е значаен не толку поради фактот што добиваме одредена финансиска поддршка, туку многу повеќе поради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата, изјави министерот Чулев.