АВМУ: Имал ли Боки 13 обезбедување од МВР? (ДОКУМЕНТ)

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со официјален допис до МВР бара информации за Бојан Јовановски кој беше уапсен за рекет.

АВМУ во дописот од 19 јули од министерот Спасовски во рамки на процедурата за прекршување на забрана за таен содружник бара одговор дали припадници на МВР го заштитувале Боки 13 како сопственик на 1ТВ.

АВМУ во документот потпишан од директорот Зоран Трајчевски наведува дека агенцијата има сознанија за физичко обезбедување на Боки 13 од страна на припадници на МВР.

МВР ги демантираше наводите за заштита на Боки 13 од страна на МВР но до АВМУ нема доставен писмен одговор на барањето за информацијата.

Го обезбедувало ли Боки 13 по службена должност МВР, постои ли можност припадници на МВР надвор од работното време да давале услуги за обезбедување на Боки 13 без за тоа да знаат нивните шефови или пак сознанијата на АВМУ се погрешни се очекува да се дознае во текот на денешниот ден.

SHARE