Австралија најавила: Заедница на Северна Македонија, јазикот славомакедонски

Македонците во Австралија реагираат на најавите на владата на оваа земја согласно договорот со Грција македонската заедница да се нарекува Заедница на Северна Македонија а јазикот да биде Macedonian slavic.

Оваа најава до организациите на македонците била испратена вчера по што тие испратиле писмо до премиерот Малком Турнбул.

Во писмото испратено до него се вели:

“Македонците во Австралија не се обврзани со договорот со Грцииа ниту владата на Австралија. Македонската заедница чии членови потекнуваат од Република Македонија и од територии на Грција, Бугарија, Албанија, Србија и други земји нема да прифати било каков обид на федералните власти да ја преименува македонската заедница и јазик користејќи ги навредливите означувачи содржани во договорот кои можат да бидат интерпретирани деривати на името Северна Македонија”.

Бараме Федералната влада да се држи со основните оринципи на мултикултурализмот, саноопределувањето и самоодредувањето и да продолжи да не нарекува како македонска заедница, име кое што е слободно избрано од нсд и потврдено од австралиските власти во 1994 година , се вели во писмото.

SHARE

Comments are closed.