Австрија ја објави уцената на Бугарија за Македонија во ЕУ

На интернет страницата на австрискиот Парламент објавени се документите во врска со проширувањето на ЕУ и заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија, објавиМКД.МК.

Од овие документи станува јасно дека Изјавата на Бугарија стана дел од  заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.

„ Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македoнски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ“ се некои од барањата во Изјавата на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Изјавата на Бугарија била вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

Сепак, во документите објавени на интернет страницата на австрискиот Парламент стои дека дел од заклучоците на Советот на ЕУ е и Изјавата на бугарската делегација.

SHARE