Австрија ќе забрани носење хиџаб во училишта и за наставниците

По забраната за носење муслиманска шамија (хиџаб) за девојчиња под 14 години во училиптата, новата австриска министерка за интеграција Сузана Рааб вели дека „се разгледува слична забрана за сите наставници во јавните училишта“ како можен следен чекор.

Од оваа учебна година, во австриските основни училишта е забрането „носење религиозно обележана облека, поврзана со прикривањето на главата “.

Министерката вели дека целта на ваквиот чекор „е да ги научиме сите девојчиња да бидат сигурни жени“.

Исламската верска заедница во Австрија поднесе тужба до Уставниот суд против забраната девојчиња да носат шамии во училиштата и сметаат дека оваа мерка го нарушува основното право на слобода на религијата, како и правото на родителите да едуцираат деца.

Од стапувањето во сила на забраната, односно од почетокот на учебната година до крајот на ноември, имало само осум случаи што девојчињата дошле со шамија на час. Во сите случаи, родителите прифатиле да се придржуваат кон законот, откако им било укажано на училишната администрација.