Австриски бизнисмен: Македонските власти ме рекетираа за да не одам в затвор

„Ми ветија дека ќе го запрат судскиот процес, ќе ми го вратат пасошот и нема да ме уапсат“, вели за Призма австриецот Волфганг Гампер кој е обвинет во скандалот „Секјуриком“ во кој заедно со екс директорот на владината Служба за општи и заеднички работи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Доневски пред 3 години незаконски наместиле тендер вреден повеќе од 10 милиони евра.

Откако му беше одземен пасошот тој избега од земјава а сега преку државната австриска телевизија ОРФ од Салцбург обвинува дека актуелната македонска власт му изнудила пари.

Скандалозни се неговите обвинувања кон власта предводена од СДСМ. Тврди дека го рекетирала.

„Ми ветија дека ќе го запрат судскиот процес, ќе ми го вратат пасошот и нема да ме уапсат. Исто така рекоа дека може да учествувам на новиот тендер.“

Волфганг Гампер по мало двоумење откри кому му ги давал изнудените пари, но БИРН не ги објавува имињата затоа што станува збор за тотално анонимни луѓе.

Владата категорично ги отфрла обвинувањата

“Станува збор за обвинувања на човек против кој се покренати обвиненија за проневера на пари и по кој е издадена меѓународна потерница бидејќи е во бегство. Категорични ги отфрламе неговите наводи, станува збор за апсолутни невистини и инсинуации, чија цел е единствено да се наруши угледот службите на македонската влада и на самата Владата на Република Македонија”, се вели во писмениот одговор од Владата.

Целата информација на призма.мк