Австриските одгледувачи на јагоди „плачат“ за берачите од Македонија и од Украина

Неможноста на работниците од Македонија и од Украина да отидат во Австрија поради затворените граници среде пандемијата на Ковид-19 им нанесува големи штети на австриските одгледувачи на јагоди.

Еден од нив му се пожали на државниот советник за земјоделство на покраината Горна Австрија, Макс Хигелсбергер, кој одговараше на прашања по телефон од просториите на весникот „Фолксблат“.

Јозеф Хорабергер од Хофкирхен ан дер Тратнах му нагласи на советникот дека финансиската штета на овој земјоделски сектор достигнува „стотици илјади евра“.

„Кој ќе одговора за штетата, бидејќи таа е навистина огромна и се прашувам дали министерот за здравство Рудолф Аншобер е свесен за тоа што го прави?“, праша тој.

Хигелсбергер одговори дека се запознаени со проблемот и оти прават сè да им помогнат на земјоделците, додавајќи дека веќе контактирал со украинскиот амбасадор за сезонците да дојдат во Горна Австрија што е можно побргу.

SHARE