Аземи во забранетата емисија: Има договор СЈО да не го гони ДУИ (Избришана дебата бр. 2)

Новинарот и издавач Емин Аземи во забранетата (избришана) емисија на 1ТВ тврди дека начинот на кој сега работат СЈО и обвинителката Катица Јанева во врска со истрагите против членови на ДУИ е резултат на политички договор.

При обид Аземи да го елаборира неговиот став водителот на емисијата Александар Чомовски на груб начин го прекинува по само дваесетина секунди од експликацијата.

Во емисијата граѓани прашуваат зошто СЈО не гони ниту еден функционер на на ДУИ а гостите одговараат со силни критики за работата на СЈО и Катица Јанева.

„Знаеме зошто се формираше СЈО и кои беа неговите цели (кои што не ги оствари) но мислам дека сега тоа е предмет на некое меѓусебно договорање“, вели Аземи по што Чомовски крајно нелогично го прекинува и поставува прашање до друг гостин.

Минатата недела адвокатот Јанаки Митровски кој беше гостин на дебатата за СЈО и датумот за ЕУ обвини дека телевизијата без никакво објаснување ја избришала емисијата.

Емисијата подоцна ја објавуваат граѓани на социјалните мрежи.

Заев ќе чисти неподобни, Јанева не заслужува втор мандат – Зошто исчезна емисија на 1ТВ? (ВИДЕО)

SHARE